На 40 години почина екс-ракометар на Бутел Скопје

2070

Од светот на ракометот доаѓа уште една тажна вест. На 40 години почина рускиот десен бек Алексеј Григорјев, пишува „Брз Центар“.

Станува збор за поранешен ракометар на Бутел Скопје, кој играше во сезоната 2018/19. Григорјев, за жал не успеа да ја добие најважната битка, по кратко боледување и подлегна на тешката болест.

Тој својата кариера ја почнал во Динамо Астрахан, играл за Нева Санкт Петебург, а покрај Бутел Скопје ги носел и дресовите на Мешков Брест и Мотор Запорожје.

ФОТО: РК Бутел Скопје

ПретходноСУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 17 585 363 е освоен во Скопје
СледноЛазаревски дефинитивно е новиот Стоилов, погледнете го овој елегантен гол (ВИДЕО)