Шкендија не е веќе непоразена. Дојде и тој ден, и тоа во Кратово кога момците на стратегот Ардијан Нухиу загубија од Силекс со 2:1 и тоа во еден трилер финиш што се вели.
Секако дека кога ќе загубиш не можеш да бидеш задоволен, па така и Ардијан Нухиу, стратегот на Шкендија:
“Знаевме дека кога тогаш ќе дојде и тој ден, дека еднаш мора да се загуби натпревар. Но јас сметам дека го загубивме натпреварот на кој досега сме одиграле најдобро. По тоа израмнување на 1:1 Шкендија тргна по вториот гол и дојде казната, примивме втор гол и го загубивме натпреварот со Силекс со 2:1“ изјави покрај другото стратегот на Шкендија.