Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов рекорд во дисциплината скок со стап. Во финалето од Дијамантската лига, Дуплантис успеа да прескокне 6,23 метри и тоа во првиот обид.
Доста интересно е што Дуплантис го надмина својот рекорд на отворено, кој претходно изнесуваше 6,22 метри.
„Не се сеќавам на скокот, сериозен сум. Само знаев дека сум многу близу“, изјави севтскиот рекордер, кој има само 24 години.
MONDO DUPLANTIS 6.23 NEW WR#EugeneDL #DiamondLeaguepic.twitter.com/ycKFSZBBNM
— matteo (@mttEVO) September 17, 2023