СП: И Нуров загуби уште во првиот меч

123

И последната македонска боречка надеж на актуелното Светско првенство во борење во Белград, Магомегаџи Нуров, загуби уште на стартот на натпреварите во категоријата до 97 килограми. Нашиот адут за обезбедување олимписка виза, денеска загуби од Грузиецот Мачарашвили уште во првото коло, со што не доби шанса ниту да влезе во репасажот, откако Грузиецот беше запрен во полуфиналето.

Нуров заедно со останатите шест наши борачи кои се појавија на душекот во Белград не успеаја да се приближат до олимписка норма, па сега шансата ќе ја бараат на некои од следните изборни натпревари.

ПретходноЕнрике: Не е добро што ПСЖ е опседнат со трофејот од ЛШ
Следно„Штрковите“ ја добија првата контрола против Рилски спортист