„Штрковите“ ја добија првата контрола против Рилски спортист

146

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја остварија и втора победа по ред во пресрет на новата сезона. Овој пат во првата од двете пресметки на домашен терен против бугарскиот тим Рилски спортист, „штрковите“ славеа со 82-65 (30-14, 21-19, 14-18, 17-14).

Марко Баковиќ средбата ја заврши со 16 поени и седум скока, Душан Танасковиќ реализира 15 поени, Бојан Крстевски постигна 11, а Марко Миловановиќ 10 поени. Зад името на Војдан Стојановски, пак, останаа запишани девет поени и по шест скока и асистенции.

Утре против истиот ривал МЗТ Скопје А. е одигра меч од затворен карактер.

ПретходноСП: И Нуров загуби уште во првиот меч
СледноКанадско засилување за ТФТ