Јовиќ пред мечот со Алборг: Верувам дека ќе се издигнеме и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет

156

Во среда Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Алборг во 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите. По поразот од Колштад во првото коло, „пелистерци“ ќе мора да покажат подобра игра иако влегуваат во овој дуел како аутсајдери со оглед на тоа каква екипа имаат пред себе.

Тренерот Александар Јовиќ верува дека екипата ќе се издигне и достојно ќе го претстави македонскиот ракомет.

Втор натпревар по ред играме против скандинавски ривал. Не треба да се трошат зборови за Алборг. Оваа екипа неодамна играше и финале на Лигата на шампионите, а сега се засилени со ракометари како Ландин и повратникот Хансен. Верувам дека ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет“.

А данскиот ракометар во Пелистер, Андреас Јохан Нилсен добро го познава противникот и изјави:

Добро го познавам тимот на Алборг, играв со многу ракометари во нивната екипа, а со некои често бев и противник. Сите знаеме колку се силни и тоа го покажаа на натпреварот против Киелце. Загубија во Суперкупот на Данска од ГОГ Гудме, но тоа и не е толку важно натпреварување во Данска. Многу поважно е како реагираа потоа и наредија само победи во данското првенство и Лигата на шампионите.“.

ПретходноКоментар на 7.коло: Спектаклот во Кавадарци покажа зошто Вардар и треба на Првата лига!
СледноЕнрике: Не е добро што ПСЖ е опседнат со трофејот од ЛШ