Лазаревски дефинитивно е новиот Стоилов, погледнете го овој елегантен гол (ВИДЕО)

2921

Милан Лазаревски од меч во меч воодушевува со својата палета на потези. Вардаровиот пикер засега е совршена замена за легендата на клубот, Стојанче Стоилов, кој од оваа сезона е покрај клупата.

На дуелот против Пелистер, тој беше прв стрелец со шест гола, а во првото полувреме демонстрираше еден од своите специјалитети. Битлчани на оваа средба немаа решение за него.

Покрај Лазаревски, на ниво на задачата беше неверојатниот Мартин Томовски со 13 одбрани, четири од седум метри за нова победа на Вардар 1961 во пресметките со вечниот ривал и бранител на титулата, Пелистер.

ПретходноНа 40 години почина екс-ракометар на Бутел Скопје
СледноИ покрај 7-0, Мурињо најде забелешка: Некои работи не ми се допанаа