По четири години, Северна Кореја ќе одигра прв меѓународен меч

485

За првпат по речиси четири години, Северна Кореја ќе биде дел од меѓународен фудбалски турнир, откако земјата потврди дека ќе учествува на овогодинешните Азиски игри.

Северна Кореја повторно ќе излезе на мегдан со остатокот од светот во рамките на Азиските игри, кои ќе започнат утре.

Азиската земја нема настап на меѓународна сцена речиси четири години откако реши да ги затвори границите поради пандемијата со Ковид 19. Последниот меѓународен натпревар фудбалската селекцијата на оваа азиска земја го одигра на 19 ноември 2019 година, против Либан (0:0).

Овие игри не се во календарот на ФИФА, па затоа селекцијата на Северна Кореја до 23 години ќе биде во група со Тајван, Киргистан и Индонезија.

ПретходноНагелсман сака да биде селектор на Германија, но не за двојно помала плата од онаа во Баерн
СледноАтлетико (М) подолго време ќе остане без Лемар