Карлос Алкараз нема да може да заигра на Олимписките Игри. Причината се правилата кои велат дека еден тенисер мора да одигра најмалку два меча за Дејвис куп селекцијата на својата земја, за да учествува на ОИ, во четиригодишниот олимписки циклус, а еден мора да биде во последните две години.
Оваа година тој ги пропушти мечеците за Шпанија, па неговото отсуство и тоа како се почувствува.
Доколку не игра на следните натпревари правилата се јасни, Алкараз нема да го гледаме на Олимписките Игри.
Веќе е извесно дека Шпанија ќе добие вајлд-карта. Што се однесува до Алкараз, според сегашниот календар, Дејвис Купот на програмата е после ОИ, па во овој момент тој нема право да биде дел од спектаклот во Париз.