Јулијан Нагелсман треба да биде новиот селектор на Германија, тврди Билд. Преговорите меѓу двете страни завршиле позитивно и наскоро тој треба да биде промоциран за нов предводник на оваа репрезентација.
Нагелсман ќе дојде на местото на Ханси Флик, а ангажманот со германскиот национален тим за него ќе дојде како нова работа откако доби отказ во Берн.
Во својата кариера тој ги водеше Хофенхајм, Лајпциг и Баерн, а за првпат во својата кариера ќе ја „вкуси“ селекторската позиција.
Тој ќе заработува околу 4 милиони евра годишно, ќе ја води Германија на ЕП 2024 година.