Хоган Укпа, младиот играч за врска од Нигерија во дресот на Струга ТЛ има и тоа како омилен клуб. А тоа е Брегалница од Штип.Завчера во меч од 7.коло во ПМФЛ, Укпа беше стрелец во Штип за третиот гол за својот тим со кој стави точка на триумфот на својот тим од 1:3.
Ова беше негов трет гол за Струга ТЛ откако е во тимот на нашиот шампион, и интересно е тоа што сите три досега ги има постигнато против Брегалница.
Покрак завчерашниот гол, Укпа ја “тресеше“ Брегалница и на 30.10.2022 кога беше 2:2 во Струга, а исто така даде гол на 14.08.2022 кога во Штип тимот на Струга ТЛ победи со 0:1, токму со голот на Укпа.
Досега Нигериецот за Струга ТЛ одиграл 36 натпревари и постигнл три гола, и сите три против Брегалница.