Додека во Европа вечерва стартуваше новата сезона во групната фаза во ЛШ, во исто време во Иран и Кристијано Роналдо играше со својот Ал Наср во Лигата на Шампионите, ама во азиската. Иако на гости кај Персеполис славниот Кристијано не постигна гол, сепак неговиот тим победи со 0:2 и со тоа успеа да слави на првиот меч во групната фаза во ЛШ на Азија. Стрелци на головите беа Гареб и Касем во 62. И 72.минута а играа и Мане, Брозовиќ…