И Циципас има нешто да каже за Ноле: Не знам зошто сака да се докажува?

638

И петтиот тенисер во светот Стефанос Циципас го коментираше успехот на еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ, кој повторно се врати на врвот на АТП листата. Србинот на УС Опен дојде до 24-та грен слем титула, што е само уште еден рекорд.

„Гледајќи ги бројките, Ѓоковиќ е најдобар. Урива рекорд за рекорд. И понатаму покажува дека е гладен за успех, нема повеќе на кого да му се докажува. Но, има таков карактер, не е секогаш среќен. Постојано се обидува да му се докажува на некого. Не знам на кого и зошто. Како да сака да се реваншира“, рече Циципас кој против Ноле има две победи и 11 порази.

На прашањето кој од тројката Ѓоковиќ, Надал и Федерер, оставил најголем впечаток кај најмладите, тој кратко и без размислување одговори.

„Ако е тој критериумот за бирање на најдобриот, тогаш е Федерер. Мислам дека никој нема да биде како него“. 

ПретходноБилд тврди: Германија веќе има нов селектор!
СледноЖенската репрезентација до 19 години на силен меѓународен турнир во Словенија