Дефанзивецот на Милан, Матија Калдара е опериран и ќе отсуствува од терените три месеци, соопштија од клубот.
29-годишниот италијански репрезентативец заработи повреда на десниот скочен зглоб за која беше потребна хируршка интервенција. Тој ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на календарската година.
Калдара дојде во Милан за 38 милиони евра од Јувентус во 2018 година.