Навивач на Њукасл прободен со нож во центарот на Милано

209

Во пресрет на вечерашниот дуел од прелиминарното коло од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Милан и Њукасл, во центарот на Милано се случи тежок инцидент. Помеѓу илјадниците навивачи пристигнати од Англија, извесниот Еди Мекки кој бил во друштво со неговиот син и со уште еден навивач, бил нападнат од десетина маскирани навивачи кои имале ножеви. Мекки пробувајќи да избега се здобил со неколку убодни рани, а бил потоа пренесен и во болница. Англиските медиуми велат дека неговата состојба е стабилна. Нападот се случил доцна синоќа

„Длабоко сме загрижени околу вестите дека нашиот навивач е сериозно повреден. Во постојан контакт сме со локалните власти околу неговата состојба. Нашите мисли се со него во овие моменти и му посакуваме брзо опоравување“ – стои во соопштението на Њукасл.

ПретходноОсвои шампионски прстен со Леброн, сега сака со Стеф Кари!
СледноВаучер системот во спортот веќе не постои