Партизан на Жељко Обрадовиќ е првиот финалист во АБА Суперкупот,откако вечерва „црно – белите“ славеа против Игокеа со 91:84. Партизан имаше огромна предност, но во последната четвртина дојде до несфатлив пад во нивната игра и овој период го загубија со неверојатни 11:24, сепак на крајот победија.
Во меч за пласман од 5-8 место, Задар со 77:71 го победи ФМП. За нас интересно зошто во победничкиот тим настапи и нашиот репрезентативец Адем Мекиќ кој забележа 8 поени и беше еден од најдобрите во таборот на Задар.