Анчелоти отворено: Реал Мадрид не е прв фаворит за титулата во Лигата на шампиони

92

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони. Прв противник на „кралевите“ е Унион Берлин, мечот се игра утре.

Искисниот предводник на шпанскиот гигант малку ги разочара навивачите потенцирајќи дека Реал Мадрид не е прв фаворит за титулата, туку Манчестер Сити.

„Сити е фаворит за титулата, има екипа која лани го освои пехарот, а оваа година едвај се промено. Но, Лигата на шампиони во завршната фаза секогаш носи изненадувања“, рече Анчелоти.

Тој не крие дека амбициите на клубот се финале и дека таму се гледаат.

„Пласман преку групна фаза до осминафинале, четвртфинале…Нашата цел е да се натпреваруваме до крајот, да бидеме во финалето, но без притисок“.

Што се однесува до утрешниот противник, Унион Берлин.

„Тоа е нов клуб во Лигата на шампионите, но чим е тука, тоа е затоа што беше добар минатата година. Тој игра со голем интензитет, го проучивме добро“.

ПретходноКошаркарките против Србија, Украина и Португалија во евро-квалификациите
СледноНезадоволниот Мурињо му пресуди на својот колега!