Ваучер системот во спортот веќе не постои

1057

Со последните измени на законот на законите со кои се регулира даночната регулатива во Република Македонија, изгласани на денешната сецница на Собранието на РМ, се укинува ваучер системот со кој што се помагаше спортот во нашата земја.

Поконкретно, донесени се низа измени во Законот за добивка, преку кој се помагаше спортот. Односно, на која што основа се потпираше ваучер системот, со кои што компаниите имаа можност дел од годишната добивка на име на данок во државниот буџет да го уплаќаат на спортски субјекти односно клубови, со што ќе го помагаат нивното постоење. Членот 30а беше клучниот кпога станува збор за ваучер системот, а тој повеќе не постои.

„Со членот 30-а од Законот е предвидено даночно ослободување за даночните обврзници кои донираат во спортот. Имено истите имаат право на намалување на пресметаниот данок на добивка за дадените донации на спортски субјекти. Во насока на изедначување на третманот на дадените донации во спортот со донациите во другите области, како и разгледување на можноста за обезбедување на друг начин на поддршка на развојот на спортот се утврди дека е потребно да се избрише постојното даночно ослободување на обврзниците за дадените донации во спортот“ – се вели во објаснувањето на измените, со нагласок дека истите имаат важност од 1 јануари 20024 година што ќе рече дека клубовите сеуште имаат право да ги наплатат ваучерите доделени за 2023 година.

Сега, останува отворено прашањето како и на кој начин државата ќе го регулира ова прашање, односно каква регулатива ќе донесе кога станува збор за помагање на спортот. Веќе имаше некакви дискусии на повеќе нивоа, но барем засега конкретно решение не е донесено.

 

ПретходноНавивач на Њукасл прободен со нож во центарот на Милано
СледноГостивар ќе менува пак, ама овојпат тренер и спортски директор