Заврши преодниот рок за одбојкари: Ричлиев во Штип, Бошков ќе игра за Работнички

376

На почетокот на овој месец, заврши преодниот рок за одбојкари во домашните првенства. Со оглед на квалитетот на лигите, јасно беше дека и овој преоден рок ќе мине без „трансфер бомби“, но сепак, имаше неколку интересни премини на одбојкари од еден во друг клуб, кој ќе го направат новото првенство уште поинтересно.

Во машката Прва лига, звучни репрезентативни засилувања обезбедија Весна Пробиштип, Работнички 71&22 и Штип УДГ. Екипата на Работнички успеа да го добие потписот на младиот репрезентативец Ангел Бошков кој се враќа од Словенија, додека Штип УДГ успеа да се договори со репрезентативното либеро Костадин Ричлиев, кој си замина од шампионот Струмица. Репрезентативно име ќе има и во Весна Пробиштип, каде се врати искусниот центар Иван Андонов.


ПРВА ЛИГА – МАЖИ (ПРЕОДЕН РОК 2023)


УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО (Дојдоа): Иван Христовски (Петровец)

РАБОТНИЧКИ 71&22 (Дојдоа): Марко Димоски (Борец), Валдрин Лита (Риниа), Марко Филиповски (Петровец), Ангел Бошков (Словенија)

ШТИП УДГ (Дојдоа): Костадин Ричлиев (Струмица)

ВАРДАР (Дојдоа): Ристо Клопчевски (Петровец), Предраг Стојановиќ (Петровец), Лука Пашовски (Весна Пробиштип), Далибор Аврамовски (Петровец), Максим Франговски (Петровец), Димитар Динески (Петровец), Драган Пљакоски (Петровец), Матео Тодоров (Работнички)

ВЕСНА ПРОБИШТИП (Дојдоа): Јован Шапе (Борец), Иван Андонов (Шкендија)

ЈАНТА ВОЛЕЈ (Дојдоа): Блаже Панов (Работнички), Горан Грујовски (Работнички), Ермир Хаџија (Риниа), Петар Џерков (Работнички), Давид Грујоски (Работнички), Стефан Петрушевски (Работнички), Стефан Џерков (Работнички)

СУШЕВО (Дојдоа): Мартин Алексов (Струмица), Кристијан Донев (Струмица), Дарко Наков (Струмица)

ЛИРИЈА (Дојдоа): Дејан Димовски (Борец), Жарко Колев (Борец), Сашко Ивковиќ (Борец)

ВОЛЕЈ СТАР (Дојдоа): Никола Георгиев (Борец)

ПретходноЦунода и Рикиардо ќе возат за Алфа Таури и следната сезона
СледноМилан без Матија Калдара до крајот на оваа година