Нема крај на маките на тимот на Манчестер Јунајтед. По викенд поразот на домашен терен од Брајтон, атмоферата во клубот е очајна, а утре треба да се игра мечот од Лигата на Шампионите против Баерн на гости.
За оваа прилика менаџерот Ерик Тен Хаг, не може да смета на повеќемина од типот на Арн Ван Бисака, Варан, Лук Шо, а последно и Хери Мегваер.
Многу оспоруваниот дефанзивец не е во конкуренција за утрешниот меч, па Тен Хаг за стоперските позиции ќе бира помеѓу Лисандро Мартинез, Виктор Линделоф и ветеранот Џони Еванс.
Ако на сето ова се додаде и повредата на Мејсон Маунт, на Амбарат кој уште нема дебитирано, суспензиите на Џејдон Санчо на Антони, тогаш станува јасно во каква ситуација во моментов е Јунајтед.