Тимот на МЗТ Скипје Аеродром стигна до третата победа во петтиот подготвителен меч пред стартот на новиот домашен шампионат.
Овојпат тимот од Аеродром беше подобар од екипата на Рилски Спортист со конечни 75-69 (24-18, 24-11, 15-26, 12-14).
Во комбиниран состав поради неколку ситни повреди, МЗТ дојде до заслужена победа против квалитетен противник.
Ова беше последен дуел за тимот пред саботниот двобој во салата Кале од 19:30 часот кога против тимот на Феникс ќе се игра дуелот од Суперкупот на Македонија.