Надал испрати порака до Ѓоковиќ: Мислам дека е малку опседнат!

624

Рафаел Надал вчера потври дека 2024 ќе биде година во која ќе оди во пензија. Тој дури осум месеци е надвор од терените, а причината се двете операции кои мораше да ги направи.

„Реков дека 2024 година најверојатно ќе биде мојата последна година. Можам да потврдам 100%, се уште не сум сигурен. Мојата идеја не е да се вратам и да ги освојам Ролан Гарос и Австралијан опен. Тоа за мене е далеку“, рече Надал, а потоа додаде:

„Дали би сакал да бидам тенисер со најмногу Грен слемови? Без никакви дилеми, но тоа не ме фрустрира“.

Шпанскиот тенисер потоа испрати порака до Ѓоковиќ:

„Мислам дека Новак го доживува многу појако, многу поинтезивно од мене и затоа мислам дека е помалку опседнат со тоа“.

ПретходноТурците воодушевени: Барди се „издигна од пепелта“ и донесе „бура“ во Трабзон
СледноПирло пред отказ во Сампдорија?