Незадоволниот Мурињо му пресуди на својот колега!

232

Италијанскиот прволигаш, Емполи во продолжение на сезоната ќе добие нов тренер. По убедливиот пораз од Рома (0-7) предводена од Жозе Мурињо, Паоло Занети доби отказ.

Емполи се наоѓа на дното на табелата во Серија без освоен бод во четири меча.

Занети на тренерската позиција дојде минатата сезона, успеа да го задржи статусот во елитата како 14-ти на табелата, но оваа сезона има постигнато само еден гол, а прими 12.

Италијанските медиуми информираат дека дека нов тренер на Емполи ќе биде Аурелио Андреацоли, кој по третпат би се вратил во клубот

ПретходноАнчелоти отворено: Реал Мадрид не е прв фаворит за титулата во Лигата на шампиони
СледноОсвои шампионски прстен со Леброн, сега сака со Стеф Кари!