Енис Барди е ѕвездата на Трабзонспор на стартот на новата сезона. Насловите и текстовите во турските медиуми, го слават „издигнувањето од пепелта“ на нашиот репрезентативец и капитен, кој во првите пет меча од турската Суперлига веќе има 2 постигнати гоа и две супер-асистенции.
„Бурата наречена Енис Барди силно дува во Трабзонспор. Барди, кој стана ѕвезда со 2 гола на натпреварот против Касимпаша, потоа постигна прекрасен гол од слободен удар против Италија со репрезентацијата на Македонија и се најде на насловните страници во светскиот печат. 28-годишниот играч од средниот ред се покажа и со 2 асистенции на натпреварот против Малта. Барди, кој не ги исполни очекувањата минатата сезона и беше меѓу оние кои беа на излезна врата од клубот, се издигна од пепелта и одлично ја започна оваа сезона. Барди, кој со неверојатна асистенција беше зајзаслужен за првиот гол на дербито со Бешикташ покажа дека ќе биде еден од лидерите во тимот оваа сезона“, пишуваат турските новинари.
Трабзонспор од почетокот на сезоната има три победи и два порази во петте одиграни меча кои го ставаат на 4. место на табелата со 9 бода.