УЕФА води истрага против ПСЖ за трите трансфери на играчи во Катар

255

ПСЖ се најде во центарот на вниманието на УЕФА поради продажба на три играчи во Катар.

Абду Диало, Марко Верати и Јулијан Дракслер летово се преселија од Париз во Катар, а тоа, според „Л’Екип“ го вклучи алармот во УЕФА. На ПСЖ му беа потребни неколку големи продажби на играчи за да ги балансира сметките во однос на правилата за финансискиот фер-плеј.

Како што е познато, ПСЖ има блиски односи со Катар и затоа УЕФА започна истрага за да види дали трите трансфери се одвивале според правилата.

Според весникот, УЕФА може да одбие да ги вклучи трите трансфери од завршната сметка на ПСЖ, што , пак, може да предизвика нова казна за клубот. 30-годишниот Верати и 27-годишниот Диало се продадени во Ал-Араби, додека 29-годишниот Дракслер се пресели во Ал-Ахли.

ПретходноМилан без Матија Калдара до крајот на оваа година
СледноУЕФА им даде наредба на судиите: Во ЛШ нема да се игра по 110 минути!