Во очи на почетокот на групната фаза од Лигата на шампионите, судиите кои ќе ги судат мечевиве во текот на оваа сезона во европските клупски натпреварувања добиле јасна наредба да не „полудуваат“ со додаденото време на крајот на првото и на крајот на второто полувреме. Од судиските комисии на УЕФА тврдат дека во ЛШ нема да има мечеви кои ќе траат по 110 минути, или со дополнувања од 10 или 12 минути во секое од полувремињата.
„Добиената наредба е јасна: Нема казнување на фудбалерите со прекумерно дополнително време“.
Во УЕФА веруваат дека судиите имаат доволно ресурси да спречат да се изгуби толку многу време. Нема да забрани славењето голови, ниту пак да додава минута за секој постигнат гол. Судиите ќе посветат посебно внимание да се отклонат симулациите, а добиле препораки и да не разговараат толку со играчите, да не даваат непотребни објаснувања.