Цунода и Рикиардо ќе возат за Алфа Таури и следната сезона

84

Формула 1 тимот Алфа Таури наскоро ќе го потврди пилотскиот тим за следната сезона. Според информации на извори блиски до тимот, за време на Јапонското ГП оваа сезона, Алфа Таури ќе ги потврди договорите со своите двајца возачи кои ќе возат за тимот и следната сезона.

За време на тркачкиот викенд во Сузука тимот ќе објави дека Јуки Цунода ќе продолжи да вози за Алфа Таури и во сезоната 2024 година.

Се очекува и Даниел Рикиардо да биде дел од составот за следната сезона, иако тој во моментов е повреден Рикиардо се опоравува од скршеницата на зглобот, а на негово место вози резервниот возач на Ред Бул, Лиам Лосон.

ПретходноКомпјутерска анализа: Манчестер С. ќе ја одбрани титулата во ЛШ!? (ФОТО)
СледноЗаврши преодниот рок за одбојкари: Ричлиев во Штип, Бошков ќе игра за Работнички