Двајт Хауард се враќа во НБА-лигата. Искусниот центар би можел да се наметне како еден од играчите за ротација во Голден Стејт, велат последните индормации.
Хауард последен пат во НБА-лигата играше во сезоната 2021/22, на 60 мечеви за Лејкерси оствари просек од 6,2 поени и 5,9 скока за нешто повеќе од 16 минути.
По овој тој замина во Тајван каде доминира под обрачите. 37-годишниот центар таму има просек од 23.2 поени 16,2 скока по натпревар.
Во својата кариера доби многу признанија. Во 2004 година беше избран за прв пик на драфтот, играше за Орландо до 2021 година по што замина во Лејкерс (се враќаше трипати), па играше за Хјустон, Атланта, Шарлот, Вашингтон и Филаделфија.
Пет пати се најде во најдобрата петорка, тој е трократен најдобра одбрамбен играч во НБА и двапати најдобар блокер. Победник е во мечеви за забивање на Ол-старот во 2008 година. Во 2020 година со Лејкерс ја освои титулата.
Во НБА-лига има над 1200 натпревари и просек од 15,7 поени, 11,8 скока и 1,8 блокади.