ЛШ: Алварез и Родри и покажаа на Ц. Звезда кој е кој….Барса убедлива, победи и на ПСЖ и Порто, Лацио се спаси во 90+5.минута! (ВИДЕО)

215

 

По сензационалното водство на Ц. Звезда по првото полувреме на „Етихад“, на гости кај еропскиот првак од 0:1, сепак на крајот работите си дојдоа на своето место. Манчестер Сити со пресврт дојде до победа од 3:1. Херој беше Алварез со два гола, а третиот беше дело на Родри.

Сепак треба да се каже дека Ц. Звезда одигра херојски, сосема добро ако се знае кој е Сити.

Барселона на “Монжуик“ со 5:0 го победи Антверпен, два гола беа дело на Жоао Феликс. ПСЖ со 2:0 на свој терен славеше против Дортмунд, а Атлетико Мадрид како гостин во последните секунди испушти победа кај Лацио, додека Порто беше убедлив на гостикај кај Шахтјор.

РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ:

БАРСЕЛОНА – АНТВЕРПЕН 5:0

(Жоао Феликс 11.,66., Левандовски 19.,Баталие (авт) 22.,Гави 54. /)

ФЕЕНОРД – СЕЛТИК 2:0

(Стенгс 45.,Јаханбакш 76./)

ЛАЦИО – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:1

(Проведел 90+5./Бариос 29.)

МАНЧЕСТЕР СИТИ – Ц. ЗВЕЗДА 3:1

(Алварез 47., 60., Родри 73./Букари 45.)

ПСЖ – ДОРТМУНД 2:0

(Мбапе (п) 49., Хакими 58.)

ШАХТЈАР – ПОРТО 1:3

(Келси 13./Галено 8., 15., Тареми 29.)

ПретходноВо пресрет на неделното мега – дерби: Сон и Сака заедно на модна ревија!(ВИДЕО)
СледноИ Роналдо се радуваше на победа во ЛШ, ама во азиската…!