Монтела ќе биде нов селектор на Турција?

84

Италијанскиот стратег Винченцо Монтела е еден од најсериозните кандидати за нов селектор на Турција, пренесуваат италијанските медиуми.

Монтела треба да го замени Штефан Кунц, кој ќе добие отказ откако ги критикуваше фудбалерите на Турција по поразот на пријателскиот натпревар од Јапонија (2:4). Италијанските медиуми истакнуваат дека Монтела има тренерско искуство во Турција, бидејќи раководеше со Адана Демирспор, а моментно е без ангажман.

Монтела (49) претходно беше тренер на Рома, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Севиља.

ПретходноУЕФА им даде наредба на судиите: Во ЛШ нема да се игра по 110 минути!
СледноЛШ: Манчестер Сити почнува во одбрана на тронот, Елмас единствен Македонец