ПСЖ се најде во центарот на вниманието на УЕФА поради продажба на три играчи во Катар.
Абду Диало, Марко Верати и Јулијан Дракслер летово се преселија од Париз во Катар, а тоа, според „Л’Екип“ го вклучи алармот во УЕФА. На ПСЖ му беа потребни неколку големи продажби на играчи за да ги балансира сметките во однос на правилата за финансискиот фер-плеј.
Како што е познато, ПСЖ има блиски односи со Катар и затоа УЕФА започна истрага за да види дали трите трансфери се одвивале според правилата.
Според весникот, УЕФА може да одбие да ги вклучи трите трансфери од завршната сметка на ПСЖ, што , пак, може да предизвика нова казна за клубот. 30-годишниот Верати и 27-годишниот Диало се продадени во Ал-Араби, додека 29-годишниот Дракслер се пресели во Ал-Ахли.