По синоќешното коло во Лигата на Шампионите, премиерно за сезонава, целиот свет зборува за голманот на Лацио, Иван Проведел, и неговиот сензационален погодок за изедначување против екипата на Атлетико Мадрид.
Резултатот беше 0:1, Лацио имаше уште само еден напад на располагање. Луис Алберто одлично нафрли, а Проведел, на кого противничките дефанзивци тотално заборавија во манир на екстра стрелец со глава погоди за злато вреден бод.
„Неверојатни емоции, уште не ми се верува што се случува. Не можам да си поверувам на самиот себеси дека постигнав гол. Најважно е дека освоивме бод, кој го заслуживме и претходно во мечот. Сега се вртиме кон шампионатот“ – изјави Проведел.
Тој и нема некоја посебно квалитетна кариера досега, има 29. години во Лацио пристигна минатата година.
LAZIO KEEPER IVAN PROVEDEL IN THE 95TH MINUTE!!! ⏱🤩 pic.twitter.com/J2ODeoZvm0
— LiveScore (@livescore) September 19, 2023