Тешките денови се минато, Костадинов се враќа на терените

573

Тихомир Костадинов успешно ги мина најтешките денови во неговата кариера. После повеќе од една година рехабилитација по повредата на коленото, македонскиот репрезентативец почна со тренинзи.

Тој му се приклучи на својот тим и според најавите наскоро и ќе се врати на терените.

Костадинов се повреди на дуелот меѓу Пјаст Гливице и Горник Лечн во април минатата година. Репрезентативецот оштети лигаментите на коленото, па мораше да оди на операција. Наместо шест месеци опоравување траеше многу подолго од очекувањата.

Но, најважно е дека може да се врати на својата омилена работа, а тоа е фудбалот.

ПретходноДобри вести за „росонерите“: Повредата на Мањан не е сериозна
СледноМакедонецот блеска: Димитриоски во тимот на колото во АСОБАЛ-лига