Бахар: Игравме колку што можеме, а ме интересира само Партизан (ВИДЕО)

624

Екипата на Црвена Звезда го имаше најтешкиот можен старт во годинешната Лига на Шампиони. Гостуваше кај актуелниот првак Манчестер Сити. Загуби со 3:1, иако што се вели тимот од Белград „скапо ја продаде кожата“. На полувреме Звезда замина со предност, откако Осман  Букари одигра перфектен контра напад и реализираше.

Сепак, Сити е пресилна екипа за да си дозволи домашен неуспех од Црвена Звезда па пресвртот бргу дојде.

Израелецот на клупата на Црвена Звезда Барак Бахар по мечот изјави дека никој во светот на фудбалот не сака да губи, но Сити во моментов е нешто сосема поинакво од неговиот тим.

„Никогаш не сакам да губам. Тие се одличен тим, имаат исклучително квалитетни играчи. Рабо примивме гол во вториот дел, а потоа е тешко да држиш ритам со вака силен тим. Ние во нашата лига не играме на вакво ниво, и со ваков интензитет. Можеме слободно да си признаеме самите себеси дека пробавме да играме. Горд сум на екипата, и сигурен сум дека оваа енергија ќе ја пренесеме и на следниот меч. Сега, нормално дека би зборувал пред се за Партизан и дербито отколку за Јанг Бојс и следниот меч во Лигата на Шампионите. Загубивме два меча во домашниот шампионат и тоа е премногу. За Јанг Бојс ќе зборуваме по дербито. Сега ме интересира само Партизан“  – изјави тренерот на Црвена Звезда.

 

 

ПретходноПроведел: Не ми се верува дека постигнав гол (ВИДЕО)
СледноКуп -1/16 финале: Дербито е Беса – Вардар, полуфиналистите од минатата сезона директно во следната рунда!