Ракометарите на Е. Пелистер вечерва од 20.45 часот во Данска ќе го одиграат вториот меч од дебитантската сезона во Лигата на шампионите. Пред битолаксите „зелено-бели“ како голем предизвик стои данскиот тим Алборг. Во пресрет на вечерашниот дуел, Данецот во редовите на нашиот шампион, Андреас Нилсен со свои очекувања од вечерашното гостување.
„Алборг има еден мешан состав со млади и гладни, но и искусни ракометари. Го загубија дуелот во Суперкупот кој за нив не е важен, па и тие работат на достигнување на оптималната форма за Лигата на шампионите и данското првенство. Покажаа каков тим се со победата над Киелце“, вели пикерот на нашиот првак.
Алборг сезоната во ЛШ ја почна со победа, додек Е. Пелистер загуби на домашен терен.