Голманот на Милан, Мајк Мањан се спаси од посериозна повреда на вчерашниот меч со Њукасл.
Во 79. минута од натпреварот во Лигата на шампионите одигран вчера, голманот на „росонерите“ седна на тревникот и му даде до знаење на тренерот дека не може да ја продолжи средбата. Наместо него на теренот влезе Марко Спортиело.
Според новинарот Даниеле Лонго, Мањан претрпел истегнување на мускулот на левата бутина. Магнетната резонанца не открила посериозни повреди кај играчот. Тоа значи дека Пиоли ќе може да смета на него во скоро време.