ЕХФ за нашиот голман: Кам-бекот има име – Никола Митревски (ВИДЕО)

1062

Порто вечерва на магичен начин успеа да се издигне од девет гола разлика и на крајот да дојде до победа. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Никола Митревски на почетокот на второто полувреме имаше минус 21-12, но успеа да го фати во мрежа младиот тим на Целје.

Во кам-бекот на Порто, секако главна улога имаше нашиот Никола Митревски, влезе во клучниот момент, на крајот запиша четири одбрани, секоја од нив во вистински момент.

А партија на Митревски убаво ја опишаа во ЕХФ.

„Кам-бекот има име – Никола Митревски“. 

ПретходноПорто и Митревски од минус девет до победа против Целје
СледноРеал со гол во 94. минута го совлада Унион, Галата со два брзи гола се спаси од пораз (видео)