Интерпол уапси 23 лица од Бугарија и Романија кои местеле натпревари и „празнеле“ обложувалници

567

Шпанската полиција, Интерпол и Европол разоткриле криминална организација која на необичен начин ги измамила обложувалниците. Серија сомнителни онлајн обложувања биле забележани во 2020 година, што било причина да се отвори истрага која подоцна донесе шокантни резултати.

Утврдено е дека во Шпанија е формирана криминална мрежа составена од државјани на Бугарија и Романија, а познат е и начинот на кој тие незаконски заработувале од спортско обложување. Групата обезбедила начин да ја користат технологијата, односно сателитите, преку кои во живо следеле разни спортски натпревари и се обложувале на истите, пред резултатите да ги добијат букмејкерите. Криминалната организација имала подготвени „акаунти“, па лесно можела да врши сигурни и големи уплати преку Интернет.

Откриено е дека водачот на организацијата е поранешен бугарски пинг-понгар, кој учествувал во поткуп на фудбалери кои играле за романски фудбалски клубови. Европол наведува дека членовите на оваа група најчесто се обложувале на натпревари во азиските и јужноамериканските фудбалски лиги, но и во Бундеслигата. Се сомнева дека добивале пари и од уплати на мечеви од Лигата на нации на УЕФА, Светското првенство во Катар, како и од АТП и ИТФ тениските турнири.

Во полициската акција уапсени се 23 лица, претресени се четири куќи, три луксузни возила, два сателити, уред за блокирање сигнал, 47 банкарски сметки, 80 мобилни телефони…

Се наведува и дека организацијата била поврзана со други криминални групи низ Европа, а особено се истражувало местењето фудбалски натпревари во Романија, каде што била најактивна криминалната мрежа.

ПретходноУжасни вести од Тотенхем, се оствари најцрното сценарио за Перишиќ
СледноУЕФА ја казни Романија за „Косово е Србија“