Куп – 1/16 финале: Вардар преку пенал – рулетот до триумф над Беса, Воска броеше до 10, Шкупи и Брегалница до 8…

1350

Попладнево се одиграа сите 12 натпревари од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Како што и се очекуваше, најинтересно беше во Врапчиште, каде Беса го дочека Вардар. Откако зварши со резултат 1:1, со головите на Алими и Милосавиќ, се изведуваа пенали.А таму поуспешен беше Вардар. Во шестата серија прво Омерагиќ погоди за Вардар, а потоа Гачевски одбрани и тоа беше тоа. Вардар е во 1/8 финалето.

Инаку најубедлива беше Воска која на Карбинци и “стегна“ 10 гола, исто така убедливи беа Брегалница и Шкупи кои славеа како гости кај Новаци и Коњаре со по 0:8. Следната фаза се и Работнички и Пелистер, како и Охрид. Брера со 0:2 го победи Кожув во Гевгелија.

Гостивар кај Беласица мораше преку пеналите да дојде до пласман во се=ледната фаза, како и Башкими против Скопје.Додека изненадување на денот е се чини триумфот на Јанг Тим и тоа на пенали против Победа.

РЕЗУЛТАТИ

Арсими – ТИКВЕШ 1:2

БАПКИМИ – Скопје 1:1(4:3)

Беласица – ГОСТИВАР 0:0 (3:4)

Беса– ВАРДАР 1:1 (4:5 п)

Коњаре – ШКУПИ 0:8

ЈАНГ ТИМ – Победа 0:0 (4:3)

Карбинци – ВОСКА 0:10

Кожув – БРЕРА 0:2

Новаци – БРЕГАЛНИЦА 0:8

ОХРИД – Детонит 2:0

Тетекс – РАБОТНИЧКИ 0:3

Велазерими – ПЕЛИСТЕР 0:4

*Со големи букви се екипите кои се пласираа во следната фаза

*Македонија ЃП, Струга, Силекс и Шкедија се учесници во 1/8 финалето

ПретходноУЕФА ја казни Романија за „Косово е Србија“
СледноДобри вести за „росонерите“: Повредата на Мањан не е сериозна