Куп -1/16 финале: Дербито е Беса – Вардар, полуфиналистите од минатата сезона директно во следната рунда!

390

 

За денеска од 15 часот закажани се 12 натпревари од стартното коло или 1/16 финалето во Купот на Македонија. Секако дека се очекува најинтересно и најнеизвесно да биде на дуелот во Врапчиште каде Беса му е домаќин на Вардар. Интересно ќе  биде и во Гевгелија, каде Брера Струмица ќе има пеколно тешка задача на гостувањето кај лидерот во ВМФЛ, тимот на Кожув.

Да споменеме дека во ова коло слободни се екипите на Македонија ЃП (бранител на трофејот), Струга ТЛ, Шкендија и Силекс како полуфиналисти во ова натпреварување од минатата сезона. Тоа значи дека овие четири екипи директно изборија пласман во следната рунда.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 15 Ч

Струга: Јанг Тим – Победа (Дарко Стојанов – Штип)

Новаци: Новаци – Брегалница (Пларент Салихи – Тетово)

Куманово: Башкими – Скопје (Ивана Пројковска – Скопје)

Г. Речица: Арсими – Тиквеш (Димитар Левески – Охрид)

Гевгелија: Кожув – Брера Струмица (Благојче Ралевски – Битола)

Карбинци: Карбинци – Воска (Ангел Гелов – Кавадарци)

Охрид: Охрид – Детонит (Дарко Котевски – Битола)

Турново: Беласица – Гостивар (Влатко Илиоски – Прилеп)

Петровец: БВК Коњаре – Шкупи (Слободан Боцевски – Скопје)

Врапчиште: Беса – Вардар (Крумислав Ѓорѓиев –Штип)

Тетово: Тетекс – Работнички (Ангелчо Ристов – Неготино)

Кичево: Влазерими – Пелистер (Јордан Јовановски – Гевгелија)

*Во ова коло слободни се екипите на Македонија ЃП, Струга ТЛ, Шкендија и Силекс како полуфиналисти од минатата сезона во Купот на Македонија

ПретходноБахар: Игравме колку што можеме, а ме интересира само Партизан (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Атлетико и Звезда се посрамотија (ВИДЕО)