Фудбалската федерација на Турција брзо најде решение за местото на Штефан Кунц кој доби отказ од селекторската функција. Италијанецот Виченцо Монтела во иднина ќе ја води најдобрата репрезентација на оваа земја.
Легендарниот напаѓач на Сампдорија и Рома потпиша тригодишен договор со турскиот фудбалски сојуз и планот е да остане на клупата до крајот на Мундијалот во 2026. Последната работа на Монтела беше во турска Адана.
Турција ќе игра на гости кај Хрватска во следното коло од квалификациите за Европското првенство на 12 октомври.
Италијанецот покрај Адана ги има водено Сампдорија, Милан, Фиорентина и Севиља.
Турција се наоѓа на второто место на табелата во групата Д, има 10 бода исто колку и Хрватска, зад нив се Ерменија, Велс и Летонија.
Фото: Инстаграм/Монтела