Лилард: Попрво би губел секоја сезона, отколку да заминам во Голден Стејт

190

Демиан Лилард е на пат за прв пат во својата НБА кариера да го смени клубот каде што игра. Веќе 33. годишниот Лилард е еден од најдобрите бекови во последната деценија, и веќе единаесет години настапува за тимот што и го одбра на драфтот, Портланд.
Сепак, Лилард јасто стави до знаење дека не сака повеќе да биде дел од оваа франшиза и дека би сакал да замине во друг тим. Нагов приоритет е тимот на Мајами, но засега нема ништо од тоа.
Од друга страна пак Лилард даде интересна изјава околу тоа дали би се приклучил на Голден Стејт тимот кој доминира во последниот период.

„Никогаш не би го направил тоа. Не сум јас тој човек. Да, тоа е супер тим, тимот е од Оукленд мојот роден град, но верувајте, јас никогаш не би го направил тоа. Не сакам да бидам дел од таков тим. Попрво би губел секоја година отколку да заминам во Голден Стејт“ – изјави Лилард, кој своевремено го критикуваше Кевин Дурент за таквиот потег.

 

ПретходноАлкалоид го започна Светското екипно првенство со убедлива победа
СледноПиоли: Пропуштивме многу шанси за лесни погодоци