Македонскиот интернационалец, Димитар Димитриоски се најде во идеалниот тим на второто коло во АСОБАЛ-лигата, а има и зошто. Тој во одигра одличен натпревар во дресот на Валјадолид против Пуерто, постигна шест гола во исто толку обиди, додека неговиот тим славеше со убедливи 33-26.
По една ваква партија немаше дилеми, беше избран за најдобро лево крило во Шпанија за второто коло.
Валјадолид сезоната ја почна со две победи во исто толку одиграни натпревари.