Мекиќ и Задар шестти во Супер-Купот на АБА!

30

Адем Мекиќ и неговиот Задар го освоија шестото место на Супер-Купот во АБА-лига, откако беа совладани од Мега со убедливи 101-78.

Хрватскиот тим беше инфериорен во првите три четвртини, Мега победата ја најави на стартот, откако поведе со 9-0. И тука не застана, за кратко време имаше двоцифрени 16-3, што пак беше доволна позитива за да фати залет.

Македонскиот репрезентативец постигна седум поени и додаде две асистенции и една украдена топка за нецели 22 минути во игра.

Битката за седмото место му припадна на ФМП, кој по продолжение ја совлада Олимпија со 85-81.

ПретходноКари е вистинска машина, погоди 103 тројки без да промаши (ВИДЕО)
СледноЛегендарниот Италијанец ќе ја предводи Турција