Проведел влезе во одбрано друштво на голмани – стрелци во ЛШ (ВИДЕО)

455

Голманот на Лацио денеска е топ тема во фудбалскиот свет. Иван Промедел, синоќа за својот тим постигна спектакуларен гол со глава во последните секунди од мечот против Атлетико Мадрид и на тој начин се запиша во историајата како само четвртиот голман кој постигнал погодок во Лигата на Шампионите.

Претходно, тоа им успеало на Ханс Јорг Бут легендата на Баер Леверкузен кој од 200 до 2009 година постигна три гола но сите од пенал. Синан Болат постигна гол за Стандард Лиеж во дуелот против АЗ Алкмар во 2009 година, а листата ја затвора Винсент Енјеама.

Toj постигна гол од пенал за Апоел (Тел Авив) против Лион во поразот на израелскиот тим на домашен терен со 1-3 во 2010 година.

 

ПретходноПиоли: Пропуштивме многу шанси за лесни погодоци
СледноПелистер по чудо во Алборг!