Реал со гол во 94. минута го совлада Унион, Галата со два брзи гола се спаси од пораз (видео)

150

Екипата на Реал Мадрид ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите со победа од 1:0 против дебитантот Унион Берлин. „Кралевите“ иако важеа како огромни фаворити имаа неверојатен ефект од 28 удари кон голот на противникот, а погодија во последната минута.

Човекот на одлука беше Џуд Белингем кој ја погоди мрежата на Германците пред последниот свиреж на судијата.

Унион идното коло ќе игра пред своја публика против Брага. Реал ќе му гостува на Наполи.

А во Истанбул, тимот на Галатасарај се спасуваше од пораз. Имаше 0:2 во дуелот со Копенхаген, на крајот извлекоа бод. Данците имаа предност од два гола до 86 минута и потоа за две минути примија два гола.

Бој и Тете погодија за 2:2. Од 73 минута гостите играа со фудбалер помалку поради црвен картон на Јелерт. Идното коло Галата ќе му гостува на Манчестер Јунајтед, а Копенхаген со Баерн на свој терен.

 

ПретходноЕХФ за нашиот голман: Кам-бекот има име – Никола Митревски (ВИДЕО)
СледноИвановски загуби на стартот на турнирот во двојки во Сетубал