Салцбург во историјата на ЛШ, стартуваше со најмлад тим

144

РБ Салцбург во 1.коло од групната фаза на ЛШ запиша историја. Тие на мечот со Бенфика на „Луж“ го извадија најмладиот тим во историјата на елитното натпреварување. Просечната возраст на единаесетмината на австриската екипа изнесуваше 21 година и 183 денови.

Минатиот месец Салцбург го урна рекордот и во австриската Бундес лига. Тие настапија на еден меч со фудбалери чија просечна возраст изнесуваше 21 година и 40 денови.

Претходно Салцбург два пати подобруваше рекорд во најмлад тим во мечевите од Лига Европа и тоа во 2016 година против Шалке и во 2014 година против Астра.

 

ПретходноИвановски загуби на стартот на турнирот во двојки во Сетубал
СледноЛШ полувреме: Голем кикс на Онана, Баерн води со 2:0 против Јунајтед