Тихомир Костадинов успешно ги мина најтешките денови во неговата кариера. После повеќе од една година рехабилитација по повредата на коленото, македонскиот репрезентативец почна со тренинзи.
Тој му се приклучи на својот тим и според најавите наскоро и ќе се врати на терените.
Костадинов се повреди на дуелот меѓу Пјаст Гливице и Горник Лечн во април минатата година. Репрезентативецот оштети лигаментите на коленото, па мораше да оди на операција. Наместо шест месеци опоравување траеше многу подолго од очекувањата.
Но, најважно е дека може да се врати на својата омилена работа, а тоа е фудбалот.