ЦЕВ потврди: Двата најбрзи сервиси во одбoјкарската историја беа направени во Скопје! (ВИДЕО)

165

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) денеска излезе со официјална потврда на петте најбрзи (најсилни) сервиси направени за време на штотуку завршеното Европско првенство во машка конкуренција. Двата најдобри резултати на првенството, и воопшто во светската одбојкарска историја, беа направени во Скопје!

Имено, Вилфредо Леон (Полска) и Нимир Абдел-Азиз (Холандија) за време на натпреварите од групната фаза на Евроволеј 2023 во групата „Ц“ во Скопје, наизменично го соборуваа светскиот рекорд.

Прво Абдел-Азиз на мечот со Полска од 3. коло на групата во која беше и Македонија, сервираше со фантастиќни 137,6 км/ч и го собори дотогашниот светски рекорд на Леон.

Полјакот не остана должен, па само неколку дена подоцна на мечот со Данска исто така во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје повторно го урна светскиот рекорд сервирајќи со брзина од 138,5 км/ч.

Во продолжение е и листата на петте најбрзи сервиси направени за време на натпреварите на ЕП 2023.

ПретходноДанецот во битолскиот тим за мечот со Алборг: Покажаа каков тим се со победата над Киелце
СледноИзов го објави списокот за мечот со Бугарија