Адвокатскиот тим на Новак со порака до сите во регионот: Бидете внимателни!

4238

Веќе стана пракса во светот на интернет измамите да се користат имињата на познатите ѕвезди. Сето ова му се случува на Новак Ѓоковиќ, кој се поврзува со наводна платформа на „Газпром“ која ги повикува луѓето да вложат во неа.

Измамата се одвива преку социјалните мрежи, зеде толкав голем замав што пак беше причина во јавноста да се огласи адвокатскиот тим на Ноле.

„Сакаме ја информираме пошироката јавност во Србија и регионот дека во последно време повторно се забележани зачестени обиди на сајбер криминални групи, за незаконско користење на името и ликот на Новак Ѓоковиќ за измама на граѓаните преку Интернет. Неколку меѓународни сајбер криминални групи преку лажни рекламни пораки интензивно пласираат невистинити содржини во кои наводно учествувал Новак Ѓоковиќ.

Најчеста сајбер измама од овој вид е невистинита рекламна порака која го поврзува Новак Ѓоковиќ со наводната платформа на Газпром, која ги повикува граѓаните да ги инвестираат своите пари преку таа наводна платформа.

Ги предупредуваме граѓаните на Србија и регионот да бидат многу внимателни, да не наседнуваат на вакви и слични многу сериозни финансиски измами и да не дозволат да станат плен на организирана сајбер криминална група“, се вели во дел од соопштението на адоватите на Новак. 

ПретходноМакедонецот блеска: Димитриоски во тимот на колото во АСОБАЛ-лига
СледноКари е вистинска машина, погоди 103 тројки без да промаши (ВИДЕО)